Топаловски: Трагедијата со ништо не ја предизвикав

Обвинетиот Ѓорги Топаловски денеска ги даде завршните зборови за убиството на Андреј Филип и Новица Благојевиќ од 2007 година кај Зоолошка и притоа изрази сочувство на семејствата на загинатите, јави Канал 5.

– Болката и тагата што ги носам на душа ме пратат и ќе ме пратат до крајот на животот но трагедијата со ништо не ја предизвикав – рече Топаловски.

Неговиот адвокат објасни дека не носел оружје дента, ниту имал умисла да убие, туку тоа го сторил во афект. Двојното убиство се случило на булевар „Илинден“ во Скопје, во близина на Зоолошката градина.

Обвинителката побара да биде прогласен за виновен за убиство на миг за што е определена затворска казна до 5 години. Семејствата на убиените бараат да биде казнет за убиство со умисла, за што се предвидени повисоки казни.