недела, 25 декември 2016  |  Вести денес: 21

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ со поддршка за предлог-законот за топлификација на Битола

sobranie-na-rm-640x360

Поврзани вести

 

Проектот за топлификација на Општина Битола има за цел да ја замени употребата на електричната енергија, нафтата и дрвото за греење, преку што ќе се намалат емисиите на стаклени гасови и ќе се подобри сигруноста на дистрибутивната мрежа, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

На вчерашната 84-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија на дневен ред се најде точката која се однесуваше за обезбедување на средства за реализација на проектот „Топлификација на Битола“.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на оваа пленарна седница ја даде својата поддршка за Предлог – законот со кој се обезбедуваат средства за отпочнување на првата фаза од централниот топлификационен систем за снабдување со топлинска енергија на Општина Битола.

Овој проект се состои од изградба на систем за производство на топлинска енергија, транспортен вреловод, примарна пумпно-топлинска станица во Битола, вреловодна дистрибуциона мрежа во Битола и топлински подстаници во објектите, додека за населбите Новаци, Могила и Логоварди ќе бидат изведени само приклучоците кон идните дистрибутивни мрежи.

Проектот за топлификација на Општина Битола има за цел да ја замени употребата на електричната енергија, нафтата и дрвото за греење, преку што ќе се намалат емисиите на стаклени гасови и ќе се подобри сигруноста на дистрибутивната мрежа.

Овој значаен проект за Општина Битола првично е по барање на битолчани и затоа сметаме дека преку реализацијата на овој проект, на жителите на оваа општина им се нуди алтернативен извор на топлинска енегрија кој не само што е финансиски поисплатлив за граѓаните и стопанството, туку тој исто така и значително ќе допринесе за подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на животната средина во Општина Битола.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека преку отпочнувањето на овој голем проект за Општина Битола ќе се исполни уште едно од барањата на граѓаните на Општина Битола и со самото тоа, ние како претставници на граѓаните во Собранието на Република Македонија имаме обврска и должност нивните барања и иницијативи да ги застапуваме и поддржуваме во законодавниот дом на Република Македонија.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е горда и задоволна што токму нашата поддршка за овој голем проект за Битола и битолчани значително ќе го подобри и олесни секојдневието на граѓаните и стопанските субјетки.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку давање на нашата безрезервна поддршка за реализација на овој голем проект за Битола, уште еднаш покажуваме дека тоа што го ветуваме во нашата предизборна програма, тоа и го исполнуваме.

Токму затоа граѓаните ни веруваат и ни ја даваат нивната поддршка да ги застапуваме и да работиме во Собранието на Република Македонија за исполнување на нивните интереси и барања.

Најчитани вести