петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Топло и сончево време и во текот на викендот

esenta

Последни вести

Топлото и сончево време продолжува и во текот на претстојниот викенд. Сончево време се очекува и во сабота, и во недела. Можна е сосема мала облачност во сабота, јавува Метеопро.

Не очекува малку потопло саботно утро во однос на неделното.

Минималните температури низ котлините ќе имаат вредност во границите од 5°С до 10°С во сабота и од 3°С до 8°С во недела.

Сабота ќе биде посвежа од петок, со максимална вредност на температурата помеѓу 15°С и 19°С во поголем дел од низините низ земјата, а во гевгелиско – дојранскиот крај околу 21°С. Недела ќе биде посвежа и во однос на дневната температура. Во однос на саботните вредности на максималната температура недела ќе биде посвежа за околу 2°С.

Најчитани вести