Македонија

Топло и сончево време, во среда можен е дожд

Топло и сончево време, во среда можен е дожд

Во следните денови ќе преовладува релативно топло време, најавуваат метеоролозите.

Кон средината на оваа работна недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.

За утре, од Управата за хидрометеоролошки работи, најавуваат температурите да се движат од 11 степени во Маврово до 19 степени во Демир Капија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 17-от степен.

Во среда се очекуваат врнежи од дожд и температура од девет до 15 степени.

Во следните денови ќе преовладува повеќе сончево време и благ пораст на температурата.