Топлотен бран во Индија: над 430 лица починаа

Повеќе од 430 лица починаа во последната недела откако јужните индиски сојузни држави Теленгана и Андра Прадеш беа зафатени од топлотен бран.

Со оглед на температурите кои се блиску од 50-иот степен Целзиусов и на фактот дека во некои делови од Телангана сеуште нема целосни податоци, официјалните власти предупредуваат дека билансот на жртви сигурно ќе биде поголем, пренесува АФП.

Големи делови на Индија, меѓу кои и Њу Делхи се погодени од големи горештини, па се стравува и од прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Најголем дек од жртвите се земјоделци и работници кои директно биле изложени на сонце, а се повозрасни од 50 години.

Властите апелираат граѓаните да користат чадори за сонце, шапки, да носат памучна облека и да земаат повеќе течности, како и да не излегуваат надвор во најтоплиот дел од денот.