Топлотен бран во Рио де Жанеиро, измерени 40 степени

Бразилскиот град Рио де Жанеиро е погоден од топлотен бран, каде термометрите денеска регистрираа 40 степени целзиусови. На сонце, температурата достигна 50 степени.

Купувачите, кои од жештината најдоа засолниште во „Шопинг Леблон“ добија неочекувано олеснување кога се вклучија прскалките со вода од пожарните аларми.

„Поради високите температури во градот, прскалките автоматски се вклучија. работите се вратија во нормала после 20 минути и центарот беше исчистен, соопшти овој центар на Твитер.

Големата жештина и влага беа премногу и за системот за воздушно ладење на меѓународниот аеродром „Галео“ и домашниот „Сантош Димон“, па патниците се „вареле“ на температури поголеми од 30 степени, јави телевизијата „Глобо“.