Топлотниот бран во Јапонија однесе 15 животи

Топлиот бран што минатата недела ја зафати Јапонија со температури што достигнуваат и до 35 Целзиусови степени во сенка, предизвикал смрт на 15 лица, а 8.580 побарале медицинаска помош, од кои 19 се во тешка состојба, соопшти јапонската Агенција за елементарни непогоди.

 Според објавените податоци, кои се засновани само врз бројот на оние кои побарале итна помош, 44,4 отсто од луѓето биле на возраст над 65 години, кои сочинуваат една четвртина од населението во земјата.
Минатата недела 3.179 лица побарале медицинска помош поради високите температури, од кои тројца починале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.