Топол ден, температури до 38 степени

Во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23, а максималните дневни температури ќе достигнат до 38 степени целзиусови.

Во Скопје, исто така, сончево и многу топло, со слаб јужен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде до 20, а максималната дневна температура ќе достигне до 35 целзиусови степени.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните дневни температури ќе достигнат до 36 степени.

Утре пак, не` очекува дополнителен пад на температурите. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Во крајните западни предели со услови за слаб локален дожд.