Топол прием за Амбасадорот Мемеди во Саудиска Арабија, се продлабочува соработката

Неговото Кралско Височество, принцот Султан бин Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, синот на Кралот на Саудиска Арабија, Н.К.В. Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, го прими на официјална средба вонредениот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Кралството Саудиска Арабија, Н.Е. г-н Абдулкадар Мемеди.

Ова е прва остварена средба од ваков вид, на која Амбасадорот беше пречекан со високи почести од страна на високиот домаќин.

За време на средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји во различни области од заеднички интерес каде посебен акцент беше ставен на економската соработка, со најави за натамошно интензивирање на истата и размена на посети од високо ниво.