Топовски удар врз матуранти: Три девојчиња се повредени

Три девојки се повредени во Зрењанин, Србија откако непознато лице фрлило „топовски удар“ на колоната матуранти, која го славела крајот на учебната година, пишува српски „Блиц“.

За време на матурската прослава и дефилето со трубачи, врз матурантите од средните училишта од Зрењанин кои се движеле низ главната улица, непознато лице фрлило топовски удар. Поради тоа во центарот на градот има присуство на голем број полицајци, а увидот е во тек.

фото: Blic.rs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.