Топузова – Каревска: ДИК има простор да ја си заврши работата

Не верувам дека ќе се одложат изборите и дека таква можност воопшто постои. Во следниве денови ДИК има простор да ја си заврши работата, но сè треба да биде готово до 25-ти во месецов, вели Роза Топузова Каревска од опозициската партија ЛДП за ТВ Нова.

Претходно очите на јавноста не беа вперени кон Државната изборна комисија како што е сега, но тогаш оваа институција не ни имаше вакви овластувања и обврски. Секогаш претседателот на ДИК го предлагала опозицијата. Избирачкиот список, во најмала рака, секогаш бил ажуриран, децидна е пратеничката.

Во однос на законот за медиумите таа потенцира дека сега важи изборниот законик, а за медиумите очекува да има решение по изборите.

Медиумите имаат клучна улога во формирањето на јавноста мислење, но навистина јавниот сервис мора да има најизбалансирана програма. Другите медиуми најмалце информираат, но тоа треба да се реши по изборите, сега важи изборниот законик. Не е толку клучно да се донесе закон за медиуми, бидејќи имаме дефинирана рамка како треба да се однесуваат медиумите во овој период, изјави таа.