Македонија,Политика

Топузова-Каревска разрешена од партиските функции

Топузова-Каревска разрешена од партиските функции

Бидејќи по Статутот на Либерално-демкоратската партија, „непослушните членови“ не можат да се исклучат од паријата, лидерот Андреј Жерновски заедно со Централниот одбор на партијата реши да и ги одземе сите функции на „одметнатата“ пратеничка од свои редови, Роза Топузова-Каревска.

„Во статутот на партијата, нема мерка исклучување од членство. Тоа е и услов за да се биде член на либералната интернационала. По нејзиното разрешување од партиски функции, на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе му испратиме писмо со кое ќе го информираме дека таа не може да ги претставува ставовите и интересите на ЛДП“, појаснува Жерновски.

Одлуката за одземањето на сите функции на Топузова-Каревска Централниот одбор ја донел едногласно бидејќи таа отстапи од пратискиот став за неприфаќање на пратеничката функција.

Топузова-Каревска го освои својот мандат во четвртата изборна единица на чија листа беше на третата позиција.