Торандо го погоди Тексас

Торнадо широко една милја го погоди северен и централен Тексас, соопшти американската Национална метеоролошка служба.

Според истиот извор, на одредени места паѓал град со големина на тениско топче.

Поради силната бура, повеќе од  30.000 луѓе во Тексас останаа без електрична енергија. Најлоша е ситуацијата во Остин, каде околу 7.600 лица се без струја.

Во бурата нема повредени луѓе иако има превртени камиони на патиштата, однесени покриви од куќи и поплавени патишта.