Тореадор ќе му биде бодигард на Роналдо во Русија

Откако ИСИС направи уште една грозоморна монтажа и им се закани на Лео Меси и на Кристијано Роналдо со исекување на нивните глави на Светското првенство во Русија, со порака „Вашата крв ќе ја натопи земјата“, Португалецот решил ништо да не препушти на случајот. Тој ангажирал двајца телохранители да го следат на секој чекор во Русија.

Еден од нив е Нуњо Марекос, поранешен специјалец во португалската армија, кој сега работи во агенција за обезбедување, кој во слободно време е тореадор. Во Португалија борбата со бикови е малку поинаква отколку во Шпанија, па тореадорите не ги убиваат животните со мечеви, туку се борат со биковите со голи раце. Марекос, значи, има доволно сила да собори бик тежок 500 килограми.
Во истата агенција, која е управувана од поранешен шпион, е и Гончало Салгадо, поранешен ММА борчач и вториот снагатор кој ќе се грижи за безбедноста на Роналдо, а тоа веќе го стори и на неодамнешното финале на Лига на шампионите во Киев.