Торес го откачи Интер и Атлетико Мадрид

Најскапата аквизиција во клупската историја на лондонскиот премиерлигаш Челзи, шпанскиот интернационалец, Фернандо Торес се обиде да стави крај на сите шпекулации кога е во прашање неговата иднина.

Искусниот напаѓач потцети дека има договор со Челзи до 2016 година и дека сака истиот да го испочитува до самиот крај.

“Во овој период од актуелната сезона, сакам целосно да се фокусирам на фудбалските натпревари, не сакам да се замарам со тоа што е напишано во фудбалските весници. Сакам да се фокусирам само на следниот натпревар. Треба да одиграме уште пет, а можеби уште шест натпревари. И кога ќе завршат тие натпревари, јас ќе имам уште 2-годишен договор со Челзи. Сега ја знаете мојата индина, нема да си заминам од “Стемфорд Бриџ” пред 2016 година. Сакам до крај да го испочитувам потпишаниот договор”, изјави репрезентативецот на Шпанија кој подолг временски период важи за најголема желба на Интер и на Атлетико Мадрид.