Спорт

Торес најави победа на Челзи и пораз на Арсенал

Торес најави победа на Челзи и пораз на Арсенал

Денеска ќе се одигра последниот натпревар од 17-тото коло во англиската Премиер лига, дуелот помеѓу градските ривали, Арсенал и Челзи. 

Најскапата аквизиција во клупската историја на лондонските “сини”, Фернандо Торес, е убеден дека неговиот тим може да слави на „Емирати”.

„Свесни сме дека овој натпревар има големо значење за нас. Ова е шанса да ги поминеме на првенствената табела. Свесни сме колку ќе им значи евентуалниот триумф на најверните фанови. Играме против Арсенал, знаеме колкаво е ривалството помеѓу овие два клуба. Знаеме што се е потребно за да го победиме Арсенал на “Емирати”. Веќе го победивме во актуелната сезона, но мора да се подготвиме најдобро што можеме за новата пресметка”, изјави Торес.