Торес позајмен во Милан

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Фернандо Торес од Челзи, ќе настапува во редовите на италијанскиот клуб Милан.

Лондонските „Сини“ го позајмија својот фудбалер во Градот на модата, тврдат медиумите во Англија.

Торес стави потпис на вносен договор со италијанскиот фудбалски состав, од кој што Марио Балотели се пресели на „Енфилд роуд“.

Шпанецот се збогати на „Стемфорд Бриџ“, заработи 50 милиони фунти, како и да е, на 172 натпревара за клубот успеа да постигне 45 погодици.

„Фудбалските клубови Челзи и Милан се договорија околу позајмувањето на Торес во Италија“, велат Англичаните, на својата официјална интернет страница.