Торес си ја фали Шпанија, но и Бразил

Репрезентативецот на Шпанија, Фернандо Торес е убеден дека неговата репрезентација и домаќинот на престојниот Мундијал, селекцијата на Бразил и понатаму важат на најголеми фаворити кога е во прашање светската титула.

“Според мене, Шпанија е најголем фаворит за светската титула, но тука ќе го вбојам и домаќинот, репрезентацијата на Бразил. Мислам дека домаќинот е во мала предност, игра дома, пред верните фанови, има фантастичен тим кој делува многу силно на сите позиции. Ако ги добиеме сите натпревари, тогаш сите ќе кажат дека Шпанија заслужено ја има одбрането шампионската титула. Јас сакам да ги добиеме сите натпревари, сакам да ги одиграм сите минути, но таква желба имаат и моите репрезентативни колеги. Сите имаме ист сон, сите ја сонуваме светската титула, сите сакаме Шпанија да ја одигра главната улога на престојниот Мундијал во Бразил”, изјави напаѓачот на лондонскиот премиерлигаш Челзи.