Торес тивко најави кам-бек на Винсенте Калдерон

Најскапата аквизиција во клупската историја на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Фернандо Торес потврди дека сака да соработува со актуелниот предводник на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Симеоне.

„Симеоне го почитувам уште од времето кога бевме соиграчи во дресот на Атлетико (М). Многу ми помогна на стартот од мојата кариера. Ме научи како да бидам капитен, да бидам лидер. Јас сакам да соработувам со луѓе кои многу ги почитувам. Го почитувам Рафа Бенитез и многу сум среќен што можев да соработувам со трофејниот шпански стручњак. Истото важи и за Жозе Мурињо и за Луис Арагонес. Симеоне е исто што е и Пеп Гвардиола. Кој не би сакал да соработува со тие тренери, кој не би сакал да научи нешто ново од нив. Нема ништо сигурно во фудбалскиот свет, не знам што се може да се случи веќе следниот ден. Затоа не можам да дадам одговор на прашањето дали ќе се вратам на “Винесенте Калдерон”, изјави репрезентативецот на Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.