Спорт

Торес во Милан

Торес во Милан

Англискиот фудбалски клуб на својата официјална страница објави дека му го продал на Милан напаѓачот Фернандо Торес.

Шпанскиот фудбалер во август пристигна на „Сан Сиро“ на двегодишна позајмица, но не успеа да ги задоволи очекувањата на стручниот штаб и раководството на Милан. Сепак, ниту Челзи не го сакаше назад, па „Росонерите“ се одлучија да направат трампа со Атлетико Мадрид.

Поради тоа Милан мораше да го купи Торес, а официјалното потпишување на договорот ќе се случи на 5-ти јануари, објави лондонскиот тим.

„Ел Нињо“ ќе се врати во Атлетико каде пред неколку години прерасна во вистински голгетер, а во спротивна насока, односно во Милано ќе се пресели Алесио Черчи.

Како што пишуваат италијанските, но и шпанските медиуми, двата клуба ги договориле сите детали, а Атлетико Мадрид веќе почна да продава дресови на Торе