Спорт

Торгованов е нов селектор на Русија

Торгованов е нов селектор на Русија

Поранешниот руски ракометен репрезентативец, Дмитри Торгованов е нов селектор на репрезентација на Русија.

Тој доаѓа на местото на Олег Кулешов, кој по завршувањето на Светското првенство во Катар и освоеното ниско 19-то место, си поднесе оставка.

Инаку Торгованов на позицијата селектор доаѓа заедно со Лев Воронин, негов соиграч од олимпискиот шампионски тим на Русија од 1997 година.