Свет

Видео: Торнада во САД, засега еден мртов

Видео: Торнада во САД, засега еден мртов

Неколку торнада го зафатија североистокот на Небраска, каде е загинато најмалку едно лице, а повредени се најмалку 16.

„Олујните удари беа дел од „суперкелијните“ торнада класа EF-2 или EF-3, што значи дека брзината на ветрот беше до 265 километри на час“, изјави Рич Томпсон, метеоролог од Националниот центар за предвидување на бури во Оклахома.

Селото Пилгер, кое има околу 250 жители го поднело најголемиот удар, бидејќи нервремето ги погодило во доцните попладневни часови по локално време.

„Пилгер повеќе не постои, Торнадото помина низ ценатрот на селото. Електричните линии, водоводот и канализацијата повеќе тука не постојат“, изјави Сенфорд Гошорн, директор на службата за итни интервенции во округот Стентон.

Експертите воочиле најмалку четири торнада на североистокот на Небраска, а во еден случај две торнада се појавиле во исто време во исто подрачје.