Торнадо над Рим, Колосеумот под вода (ВИДЕО)

рим

Во местото Ладисполи, на 30 километри од Рим, погина едно лице, а десетина се повредени.

Според извештаите, погининатиот е 47-годишен Индиец врз кого паднал дел од зграда.

Уште еден маж се наоѓа во критична состојба откако врз него паднал прозорец.

Уништени се продавници и јавното осветлување, урнати се стебла од дрвја. Падната е и платформа од железничка станица заради што е блокирана пругата и целиот сообраќај. Пожарникарите имале неколку стотици  интервенции, пренесува „Јутарњи лист“.

Паднат е и дел од осумкатна зграда во самиот центар на Рим.

Жителите се евакуирани, а спасени се петнаесетина семејства, пишува весникот „Месаџеро“.

Во населбата Чезано, на крајниот север од Рим, торнадото ја предизвикало смртта на пензиониран војник, врз чиј автомобил паднало стебло.

1

Разорниот ветар предизвикал големи штети, летале покриви, надстрешници, а паѓале и ѕидови…

Во главниот град на Италија и прочуениот Колосеум се најде под вода.