Торното: Две лица убиени во ресторан на Мекдоналдс (видео)

Две лица се убиени од огнено оружје во еден ресторан на Мекдоналдс во Торонто, по кавга пред шалтер за служење храна, пренесува МИА.

Двајца мажи на возраст од 25 и 40 години се скарале со еден клиент, кој имал огнено оружје. По избивање на тепачка, клиентот со оружјето пукал и ги убил двајцата мажи.

Полицијата наведе дека по прегледот на безбедносните камери ќе се утврди степенот на одговорност на убиецот, кој е повреден во тепачката и пренесен во болница.

фото: torontosun.com