Торонто поразен на домашен терен

Најдобрата екипа во Источната конференција Торонто ноќеска загуби на домашен терен од Далас со 102:106 и ова за нив беше втор пораз пред своите навивачи, а вкупно трет

Најзаслужен за победата на Далас беше Монта Елис, кој 15 од своите 30 поени ги постигна во последната четвртина.

На своето враќање по повредата во тимот на Оклахома Сити на првиот натпревар Расел Вестбрук постигна 32 поена.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Бостон – Чикаго 102:109, Шарлот – Голден Стејт 101:106, Атланта – Њу Орлеанс 100:91, Детроит – Милвоки 88:104, Хјустон – ЛА Клиперс 85:102, Оклахома Сити – Њујорк 105:78, Индијана – Орландо 98:83, Сан Антонио – Сакраменто 112:104, Денвер – Феникс 122:97, Портланд – Мемфис 99:112, ЛА Лејкерс – Минесота 119:120.

Вечерва се играат шест натпревари: Филаделфија – Далас, Вашингтон – Њу Орлеанс, Атланта – Шарлот, Кливленд – Индијана, Јута – ЛА Клиперс и Милвоки – Хјустон.

Пласман Источна конференција: Торонто 13-3 (победи-порази), Вашингтон 9-5, Чикаго 10-6, Милвоки 10-7, Атланта 8-6,…

Пласман Западна конференција: Мемфис 14-2, Голден Стејт 13-2, Портланд 12-4, Хјустон 12-4, Сан Антонио 11-4,…

Извор: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.