Торта со кикирики и чоколада

Оваа торта мошне брзо и лесно се подготвува, а вкусот потсеќа на сникерс чоколада.

Состојки:

5 жолчки

5 белки

5 кафени лажици шеќер

500 мл слатка павлака + 200 мл за декорација

300 гр кикирики со лушпа

150 гр чоколада за готвење

Малку путер и малку млеко

Подготовка

  1. Жолчките ги матиме со миксер додека не добиеме крем и ги ставаме да се варат во сад на пареа, најмалку околу 4 минути со непрестано мешање. Ги тргаме од пареата и ги оставаме малку да се оладат.
  2. Во меѓувреме ја матиме слатката павлака. Белките ги матиме со миксер додека не добиеме цврст шам и во нив наизменично додаваме, лажица павлака, лажица шеќер и лажица жолчки и обработуваме со миксер на најмала брзина. Продолжуваме да ги додаваме состојките додека не ги потрошиме сите и додека сите состојки не се соединат. Добиениот крем се става во фрижидер околу 10-тина минути.
  3. Во меѓувреме ги чистиме кикириките од лушпата и една третина од нив лесно ги толчиме на ситни парченца, а остатокот го мелеме.
  4. Чоколадата се сече на коцкички и ја ставаме на пареа да се стопи, а кога ќе омекне додаваме малку путер и 2 лажици млеко за да добиеме чоколадна глазура.
  5. На дно на калапот за торта ставаме мелени и иситнети кикирики, преку тој слој нанесуваме една третина од припремениот крем, повторно ставаме слој кикирики и врз него третина од растопената чоколада. Повторно ставаме крем, преку него ставаме тенок слој чоколада, па повторно слој крем врз кој ќе го истуриме остатокот кикирики и на крајот ја прошаруваме тортата со чоколадната глазура.

Тортата може да се декорира со слатка павлака, кикирики и чоколада.

  1. Тортата ја ставаме во замрзнувач околу 6 часа, ја вадиме пред послужување!