петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Тортевски и Шкариќ на платниот список на СЈО

katica-janeva-sjo

Поврзани вести

На денешната прес-конференција портпаролот на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристовска делумно призна дека двајцата наводни експерти кои во јавноста преку медиумите ги бранеа ставовите на опозицијата и СЈО, Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски, се платени токму од Катица Јанева.

Таа не потврди со сигурност кои се лица се наоѓаат на платниот список на СЈО ветувајќи им на новинарите дека ќе достават листа.

-Да, професорот Шкариќ и адвокатот Тортевски се, мислам дека се, ќе мора да проверам, меѓутоа мислам дека се ангажирани од ова Јавно обвинителство со тоа што детална листа за ангажирани експери ќе ви биде дополнително дадена, истакна Ристовска.

Зачудува фактот што Ристовска не знаеше да наброи колкумина “независни” експерти добиле пари од СЈО, особено заради тоа што станува збор за лица добро познати во јавноста. Истакна дека надоместокот кој тие го добиваат ќе биде објавен во рамки на шестмесечниот извештај на СЈО.

 

 

Најчитани вести