Свет

Тортурата врз жените во ирачките затвори

Тортурата врз жените во ирачките затвори

Илјадници жени нелегално се сместени во ирачките затвори и трпат тортура и други облици на зластавување, вклучувајќи го и сексуалното, соопштува „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).

Извештајот на хуманитарната организација направен е врз основа на сведочењата на притворените жени, нивните роднини и адвокати, затворските доктори, судските документи и преку разговорите со локалните официјални лица, пренесува „АФП“.

Во извештајот се вели дека повеќето жени во ирачките затвори се припаднички на сунитите, чија популација е незадоволна како кон нив се однесуваат владејачките шитии.

Жените во затворите се претепувани, подлегнати на електро шокови и силувани, додека на некои од нив им биле упатувани закани дека ќе бидат силувани во присуство на нивните роднини или нивните мажи.

„Ирачките безбедносни сили и официјалните лица, работат така што мислат дека бруталното злоставување на жените ќе ја направи земјата побезбедна“, навел заменикот директор за Блискиот исток во Северна Африка на ХРВ, Џо Сторк.

„Тие жени и нивните роднини ни кажаа на нас се додека припадниците на безбедносните сили во земјата, не казнето ги злоставуваат луѓето, може да се очекува само ситуацијата да се вложува“, додал Сторк.