Спорт

Тошак убеден дека Реал (М) ќе слави над Барселона

Тошак убеден дека Реал (М) ќе слави над Барселона

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, велшкиот стручњак Џон Тошак, е убеден дека каталонскиот гигант Барселона има потреба од невидена среќа и дека само така може да забележи позитивен резултат на утрешниот дерби натпревар против директниот ривал во борбата за шампионската титула во шпанската Примера дивизион, Реал (М).

„На Барселона и е потреба цела среќа што постои, само така може да го победи Реал (М) на “Сантијаго Бернабеу”. Ако Барселона ги освои сите три бода, тогаш ќе бидеме сведоци на едно големо изненадување. Јас сум убеден дека после ова коло, Реал (М) ќе има предност од седум бода во споредба со Барселона. Можно е да грешам, но јас имам таков впечаток, Реал (М) ќе слави во неделниот дерби натпревар. Мислам дека во таборот на Барселона има неколку проблеми и тие ќе излезат на виделина”, изјави поранешниот фудбалер и тренер на Реал (М).