„Тошиба ќе гради нуклеарен реактор во Бугарија

Јапонската компанија „Тошиба“ доби нарачка од бугарската Влада да изгради нуклеарен реактор за централата Козлодуј, објавија денеска јапонските медиуми.

Реакторот со моќност од 1.110 до 1.200 мегавати ќе чини  околу пет милиајрди долари. Реакторот ќе го гради американската компанија „Вестингхаус“, која е сопственост на „Тошиба“.

Експлоатацијата на реакторот треба да почне во 2025 година.

Во Козлудуј во моментот работаат два реактори, додека четири се затворени на барање на Европската комисија поради безбедносни причини при влезот на Бугарија во Европска унија во 2007 година.