Македонија,Политика

Тотален хаос во СДСМ, се демантира себе си за 24 часа

Тотален хаос во СДСМ, се демантира себе си за 24 часа

СДСМ за само 24 часа испрати две различни соопштенија до јавноста околу усвојувањето на предлог листите за пратеници на Конгресот кој што се одржа во текот на вчерашниот ден, пренесува порталот „Курир“.

SDSM-kongres500

Вчера, СДСМ во првото соопштение ја информираа јавноста дека листите на пратеници за претходните парламентарни избори биле усвоени со ОГРОМНО МНОЗИНСТВО.

Денеска, соопштението на СДСМ вели друго. Во својата писмена реакција СДСМ велат дека присутните членови на Централиот одбор на СДСМ, дале ЕДНОГЛАСНА поддршка на кандидатските листи за пратеници.

sdsm-dnevnik500

 

СДСМ е фатена како во 24 часа сака да ја менува реалноста. Очигледно, ова е резултат на желбата на СДСМ да се претстави пред граѓаните како партија во која нема никакви проблеми, што по се изгледа е далеку од вистината.

Додека траеше Конгресот во медиумите излегуваа најразлични информации дека Конгресот се одвивал во тензична атмосфера за тоа кој да се најде на листите за пратеници на СДСМ.