Тотенхем го декласираше Јунајтед

Во дербито од третото коло на англиското фудбалско првенство Тотенхем Хотспур како гостин на „Олд Трафорд“ беше убедлив против Манчестер Јунајтед со 3:0, победа остварена во второто полувреме.

Големата победа за гостите од Лондон беше дело на Хари Кејн, кој ги постигна својот прв гол во август, во 50 минута и Лукас Моура две минути подоцна, а сите евентуални шанси на „Црвените ѓаволи“ ги урна во 84 минута Лукас со својот втор погодок на мечот.

Новиот неуспех сигурно ќе создаде дополнителне притисок врз менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, кој влезе во спор со сопствениците на клубот поради одбивањето да ги донесат засилувањата кои ги посакуваше. Португалецот, пак, потсетува дека има повеќе титули „од сите други 19 менаџери“ во лигата.

Тотенхем со оваа победа го задржа стопроцентниот ефект и им се придружи на Ливерпул, Челзи и Вотфорд на врвот од табелата со максималните девет бодови, додека Манчестер Јунајтед веројатно го има најслабиот старт во историјата со освоени само три бода во три кола и во моментов е на 13-то место.