Тотенхем го разби Реал Мадрид

По ПСЖ и Баерн Минхен кои во вторникот изборија пласман во осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите, во средата тоа го сторија и англиските клубови Тотенхем и Манчестер Сити.

Тотенхем во натпреварот од 4-то коло од Групата Г во Лондон го декласираше европскиот шампион Реал Мадрид со 3:1, додека Манчестер Сити пласманот во осминафиналето го осигури со гостинската победа против Наполи од 4:2 забележувајќи ја четвртата победа во Грипата Ф.

Играчите на Тотенхем одиграа фантастичен меч и го разнесоа Реал Мадрид кој беше блед и речиси незабележителен. Ова беше шести меѓусебен дуел и прва победа на лондонскиот тим по три пораза и две реми.

Јунак на мечот беше двојниот стрелец Деле Али во 27 и 6 минута, а меѓу стрелците се впиша и Кристијан Ерискен во 65 минута, додека погодокот за гостите го постигна по една мешаница Кристијано Роналдо во 80 минута.

Англискиот тим поведе во 27 минута по фантастичната акција која со погодок ја круниса Али. Викнс одлично ја префрли топката на крило каде што Трипер од прва ја нафрли пред голот, а Али беше прецизен. Во 41 минута Тотенхем можеше да го зголеми водството, но Хари Кејнне реализираше стопроцентна шанса.

Во 58 минута гледалиштето експлодираше откако Али го постигна својот втор гол. Потопот на „кралскиот клуб“ продолжи во 65 минута кога Ериксен по асистенцијата на Кејн изби сам пред Кике Касиља и рутински реализираше за 3:0. Тогаш се чинеше дека Реал ќе доживее вистинска катастрофа, но домашните го намалија темпото и не реализираа зицер од против напад. Реал намали дури во 80 минута кога Роналдо со помош на домашната одбрана фактички ја истурка топката во мрежата.

Во вториот натпревар од оваа група Борусија Дортмунд уште еднаш разочара играјќи 1:1 со АПОЕЛ, како и во минатото коло. Борусија поведе во 29 минута прекиу РАфаел Гвереирто, но во 1 минута Поте изедначи.

Во Групата Х води Тотенхем со 10 бодови, Реал Мадрид има 7, а Борусија и АПОЕЛ по 2 бода.

Одличен меч беше одигран и во Неапол, каде Манчестер Сити во средбата од Групата Ф си обезбеди минување во следната фаза од натпреварувањето со победата од 4:2.

Наполитанците одлично влегоа во мечот и половина час ги притисна гостите. Пресингот на домашните го наградија во 21 минута Мертенс и Инсиње кои ја извисија одбраната на Сити по левата страна, а вториот мајсторски го префрли Едерсон за водство од 1:0. Гостите почнаа да играат дури по 30 минута и веќе во 34-та изедначија. Сане уфрли од десната страна, а Отамнеди со глава на втората статива стрелаше за 1:1. Пет минути подоцна Сити можеше и да поведе, но Стоунс по ударот со глава од 10 метри ја погоди пречката. Меѓутоа, истиот играч во 49 минута беше попрецизен и по нафрлањето од корнер ги донесе гостите во водство. Наполи беше на чекор од изедначување во 54 минута кога Инсиње ја затресе стативата, но во 62 минута домашните сепак изедначија а стрелец беше Жоргињо од казнен удар. Само седум минути подоцна Сити повторно мина во водство а погоди Серхио Агуеро, додека Стерлинг во последните моменти од мечот го постави конечниот резултат.

Во второто коло од оваа група Шахтјор го совлада Феенорд со 3:1 и е на чекор од пласман во осминафиналето. Холандскиот првак поведе во 12 минута по одличниот контранапад кој го реализираше Николај Јоргенсен. На примениот гол веднаш реагираа играчите на Шахтјор и во ти минути направи пресврт. Во 14 минута изедначи Факундо Ферејра, а веќе во 17 минута беше 2:1 со голот на Марлос кој беше прецизен и во 68 минута за конечните 3:1.

Во Групата Ф на табелата води Манчестер Сити со 12 бодови, Шахтјар има 9, Наполи 3 а Феенорд е без бодови.

Во Групата Е Ливерпул по рекордните 7:0 во минатото коло против Марибор, во средата вечерта пред своите навивачи се задоволи само со 3:0, додека Севиља со 2:1 го совлада Спартак.

Ливерпул на „Енфилд“ истрча во измешан состав, а бункерот на гостите успеа да ги пробие дури во 51 минута преку Салах. Емре Чан во 64 минута зголеми на 2:0, а во 90 минута стрелец беше Даниел Сториџ. Победата на „редси“ можеше да биде поуверливо изразена, но Милнер во 52 минута не реализираше најстрога казна.

Во вториот меч Севилја со головите на Клемент Ланглет во 30 минута по нафрлување од корнер и во 60 минута на Евер Банега со удар од работ на шеснаесетникот. Надежите на гостите во 78 минута ги врати Зе Луис, но немаа сили да се изборат до крајот за поповолен резултат.

На табелата води Ливерпул со 8 бодови, Севилја има , Спартак 5 и Марибор 1 бод.

Во Групата Г Бешикташ и Монако одиграа 1:1, додека Порот го совлада РБ Лајпциг со 3:1.

Бешикташ со победа можеше уште по четвртото коло да си обезбеди осминафинале, но и со бод Турците се поблиски до пласманот. За Монако ремито е еднакво на пораз, бидејќи по четири кола францискиот шампиони ма само два бода.

Монако поведе во 45 минута со убавиот гол на Маркос Лошез од 18 метри, а изедначи Ченк Тосун во 54 минута од казнен удар. Пеналот го направи Хорхе соборувајќи го Рикардо Кварезма. Португалецот во 58 минута можеше и самиот да биде стрелец но од 16 метри го префрли празниот противнички гол. Во последните минути од средбата Монако преку Киета Балде имапе шанси да изедначи, но лошо шутираше

Во вториот меч Порто го совлада Лајпциг. Португалците поведоа во 13 минута со голот на Хектор Ереро, ноп во 48 минута изедначи Тимо Вернер само три минути откако влезе во игра. Домашните до новата предност дојдоа во 62 минута со голот на Данило, а победата ја потврди Переира во судиското продолжување.

На табелата прв е Бешикташ со 10 бодови, Порто има 6, РБ Лајпциг им а4 а Монако е последен со 2 бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.