Тотенхем и Челзи ќе играат во “градското” финале во Кепитол купот

Тотенхем остана непоразен на гостувањето кај најголемото изненадување во Кепитол купот оваа сезона, Шефилд Јунајтед и се пласираше во финалето од ова натпреварување.

Тимот од Лондон одигра 2:2, но поради победата на домашен терен од 1:0 успеаа да си закажат финале против тимот на Челзи.

Популарните „петли“ поведоа во 28-та минута со фантастичниот гол на Кристијан Ериксен од слободен удар, но екипата на Шелифд го сврте резултатот и поведе со 2:1, со головите на 18-годишниот резервист Адамс во 77-та и 79-тата минута. Сепак, Ериксен во 88-та минута со неговиот втор гол на натпреварот ги постави конечните 2:2.

Тотенхем и Челзи на 1-ви март на “Вембли” ќе одлучат кој ќе биде следниот победник во ова натпреварување, а интересно е дека последниот пехар кој Тотенхем го освои во Лига Купот во 2008-ма година беше токму против Челзи, откако го совлада со 2:1 по продолженија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.