Тотенхем на гости го потопи Лестер

Фудбалерите на Тотенхем го демолираа домашниот Лестер со 6:1 во четвртокот во заостанатиот натпревар од англискиот шампионат.

Тотенхем го потврди второто место на табелата во една од најдобрите свои сезони последните години, со головите на четирикратниот стрелец Хари Кин во 25,62,89 и првата минута од судиското продолжение, и двата гола на Хеунг Мин сон во 36 и 71 минута. Голот за минатогодишниот англиски шампион го постигна Бен Чилвел во 59 минута.

Тотенхем во пресрет на последното коло има 83 бодови, седум помалку од првакот Челзи, а осум повеќе од третопласираниот Манчестер Сити. Лестер е на 11-то место со 43 бодови.