Тотенхем на поправен против последниот во третата лига

Во натпреварот од осминафиналето од англискиот ФА куп фудбалерите на последнопласираниот тим во третата лига Рочдејл и англискиот великан Тотенхме одиграа 2:2, па лондонците ќе мора да играат нов меч на својот терен.

Малиот третолигаш поведе со голот на Хендерсон во 45 минута. Лукаш Мора изедначи во 59 минута, а кога Хари Кејн кој влезе во второто полувреме во 85 минута погоди за 1:2 се чинеше дека Тотенхем сепак ќе дојде до очекуваната победа. Сепак, Рочдејл, кој воопшто не играше подредена улога, во третата минута од судиското продолжение преку Дејвис израмни и се избори за уште еден дуел со големиот противник.

Тотенхем и во минатото коло мораше да одигра два натпревара, и тоа против четвртолигашот Њупорт.

Претходно во саботата пласман во четвртфиналето изборија Манчестер Јунајтед, Брајтон и Саутемптон, а во понеделник за пласман ќе се борат Виган Атлетик и Манчестер Сити.