Тотенхем подобар од Арсенал во лондонското дерби

Во едно од наголемите фудбалски градски дерби дуели на светот, Тотенхем на лондонскиот стадион „Вембли“ пред 83.222 гледачи го совлада Арсенал со 1:0.

Погодокот кој го реши натпреварот го постигна годинешниот голгетер Хари Кејн во 49 минута, на асистенција на Бенџамин Дејвис. Кејн на одличното нафрлување го натскока Лорен Кошчиелни и со глава реализираше за водство, а како што се покажа на крајот и за нови три бода на Тотенхем.

Ова е неговиот 23-ти гол оваа сезона и седми погодок во градското дерби и само Емануел Адебајор има постигнато повеќе голови во дербито на северен Лондон. Поранешниот напаѓач на Арсенал против најголемиот ривал постигна осум голови

Тотенхем можеш и поубедливо да слави во 195-то градско дерби. Домашните во второто полувреме имаа три одлични шанси, но Сон Хеунг-мин, Ерик Ламела и Деле Али беа непрецизни До другата страна Арсенал практично не создаде ниедна сериозна можност, а „топчиите“ првиот удар во рамките на противничкиот гол го упатија дури во 68 минута

Тотенхем по оваа победа скокна на третото место со 52 бода, додека Арсенал остана шести со 45 бодови, шест помалку од Ливепрул кој е на четвртата позиција, последната којашто води во Лигата на шампионите, а „редсите“ имаат и меч помалку.

Во водство е Манчестер Сити со 69 бодови, 13 повеќе од второпласираниот Манчестер Јунајтед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.