Тотенхем потпиша со белгиски репрезентативец

Белгискиот репрезентативец Тоби Алдерверелд официјално стана нов играч на Тотенхем за сума од 16 милиони евра.

Алдерверелд минатата сезона ја помина на позајмица во Саутемптон каде импресионираше со своите настапи па го привлече вниманието на неколку клубови.

Саутемптон сакаше да ја активира опцијата да го откупи дефанзивецот за 9,5 милиони евра, па веднаш потоа да го продаде на Тотенхем за сума од 16 милиони евра.

Меѓутоа „јорганџиите“ се изборија да го вратат играчот во Мадрид па тие да му го продадат на Тотенхем, а „спарси“ во своето соопштение потврди дека играчот доаѓа од Атлетико Мадрид.

„Задоволни сме што можеме да соопштиме дека го ангажиравме Тоби Алдерверелд од Атлетико Мадрид. Дефанзивецот стави потпис на договор со трајност до 2020”, гласеше соопштението на Тотенхем.