Тотенхем се пласираше во четвртфиналето од ФА купот

Во повторениот осминафинален меч од англискиот ФА куп, Тотенхем во средата како домаќин на „Вембли“ го совлада третолигашот Рочдејл со 6:1, со што се пласираше во четврфиналето.

Откако првиот меч заврши 2:2, Тотенхем во повторениот натпревар ја потврди улогата на фаворит. Три погодоци за „Спарси“ постигна Фернандо Љоренте, во 47, 53 и 58 минута, два додаде Хеунг Мон Сон во 24 и 65 минута, а Кејл Вокер-Петерс беше прецизен во третата минута од судиското продолжение. Почесниот гол за гостите, и тоа за водство, го постигна Стивен Хамфрис во 31 минута.

Тотенхем и во претходното коло мораше да игра два натпревара против четвртолигашот Њупорт.

Двојките за четвртфиналето кое се игра на 17-ти март се Свонси – Тотенхем, Манчестер Јунајтед – Брајтон енд Хоув Албион, Лестер – Челзи и Виган – Саутемптон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.