Спорт

Тоти: Најпосле и Рома е дел од Лигата на шампиони

Тоти: Најпосле и Рома е дел од Лигата на шампиони

Легендарниот капитен на италијанскиот калчолигаш Рома, Франческо Тоти откри дека е пресреќен што по пауза од неколку сезони неговиот клуб повторно ќе биде дел од групната фаза во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

„Победата на тешкото гостување во Фиренца е уште еден знак дека има голем напредок во нашата игра, дека идеме чекор по чекор, дека имаме победнички менталитет. Многу сме среќни, најпосле, по пауза од неколку сезони Рома обезбеди директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Ја исполнивме зацртаната цел и тоа веќе во месец април. Можам да замислам само колку се среќни нашите најверни фанови. Се надевам дека во новата клупска сезона, Рома ќе направи уште еден чекор напред, ќе проба да ја освои шампионската титула во домашниот шампионат”, изјави Тоти.