Тоти со селфи го прослави својот втор гол против Лацио

По очајното прво полувреме кој тимот на Рома го одигра во големото градско дерби против Лацио, во вториот дел “домаќините” заиграа далеку подобро.

Иако имаше негатива од 0:2, во вториот дел, предводена од клупската легенда, Франческо Тоти, кој постигна два погодока, “римската волчица” стигна до израмнување.

Особено прекрасен беше вториот гол кој го постигна Тоти, а потоа следуваше интересна прослава. Откако на ефектен начин ја затресе мрежата на Лацио, Тоти имаше време и да си направи селфи со фановите на Рома.

Инаку стрелци на двата погодока за Лацио беа Маури и Андерсон, во 25-та односно 29-та минута.