Товарен брод доживеа несреќа во близина на турското пристаниште Самсун

Товарен брод, кој пловел под знамето на „Сент Китс и Невис“ доживеа несреќа недалеку од турското пристаниште Самсун во Црно Море.

Поради бурата бродот „Галф Рио“, кој пловеше од Украина, се наведнал на едната страна и во него почнала да навлегува вода. Лошото време и бурното море не им дозволуваат на спасувачките тимови да се доближат до бродот. Побарана е помош од воздух.

На палубата на бродот, долг 90 метри, има десетчлен екипаж. Пловилото, кое превезува соја, се наоѓа на околу 50 метри од брегот.

Спасувачката акција продолжува.

ФОТО: МИА