недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Товарен воз излета од шини, железничкиот сообраќај во прекин

pruga_miriadna

Поврзани вести

Товарен воз излета утрово од шините кај Демир Капија. Возот сообраќал на релација Гевгелија- Скопје. Во несреќата нема повредени, причинета е само мала материјална штета, а железничкиот сообраќај е во прекин.

При влез во железничка станица Демир Капија изутрина во 8 и 30 товарен воз се лизнал на свртницата при што таа е оштетена. Оштетени се и дел од колосеците, сигналите и вагоните. Возот бил товарен со слабови на Железарницата Скопје, изјави за МИА Невзат Мамути, портпарот на МЖ Инфраструктура.

Комисијата за увид и расчистување на настанот е на терен и ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.

Се прават напори сообраќајот да се пренасочи во другиот колосек, со цел да нема застој во железничкиот сообраќај во тој дел на земјата, информираат од МЖ Инфраструктура.

Најчитани вести