Товарниот авион што се урна во Јужен Судан не бил во состојба да лета

Товарниот авион што се урна во Јужен Судан не бил во состојба да лета
Товарниот авион што се урна во Јужен Судан не бил во состојба да лета

Товарниот авион што денеска се урна малку по полетувањето од Џуба, главниот град на Јужен Судан, однесувајќи најмалку 36 жртви, не бил во состојба да лета, изјави украинскиот авиоконструктор „Антонов“, цитиран од француските медиуми.

Авионот бил сопственост на таџикистанска компанија и бил изработен во далечната 1971 година, во времето на Советскиот сојуз.

„Авионот не требало да изведува летови бидејќи не му биле извршени според правилникот предвидените процедури за ремонт и поддршка, вклучувајќи ги и оние за безбедносните норми на авионот“, се наведува во соопштението на украинската компанија за изработка на авиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.