Магазин

Традиционален божиќен концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во црквата „Пресвета Богородица“

Традиционален божиќен концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во црквата „Пресвета Богородица“

Хорот „Св.Злата Мегленска“ ќе одржи традиционален концерт „Божик-слава“ на 7 јануари во Градската православна црква „Пресвета Богородица“ со почеток во  19.30 часот. Влезот е слободен.

-Станува збор за хуманитарен концерт. Ве повикувам да бидеме хумани! На влезот во црквата ќе бидат поставени кутии за донација. Присутните на концертот можат да донираат доброволно, а собраните сретства ќе им бидат доделени на ранливата категорија на луѓе и деца со посебни потреби!, вели диригентката на хорот, Летка Димовска-Полизова.

Покровител на концертот е сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.