Традиционален новогодишен симфониски концерт за деца

Македонската филхармонија денеска напладне во Универзална сала ќе го изведе традиционалниот новогодишен симфониски концерт за најмладите, под диригентство на Борјан Цанев.

Оркестарот на Филхармонијата ќе изведе популарни и атрактивни дела од Хачатуријан, Вилијамс, Штраус, Чајковски, Хендл, Менделсон.

Специјални гости на концертот се балерини од средното музичко училиште  „Илија Николовски-Луј“, а аниматор на публиката и годинава е актерот Мартин Јорданоски, кој овојпат ќе има улога на едно од џуџињата на Дедо Мраз