Македонија

Традиционални новогодишни донации на ЕВН Македонија

Традиционални новогодишни донации на ЕВН Македонија

ЕВН Македонија започна со реализација на традиционалните новогодишни донации. За социјално загрозените семејства донирани беа пакети со прехранбени производи во верските заедници.

Волонтерите во народната кујна „Св. Aпостоли Петар и Павле“ на Македонската Правоиславна Црква во населбата Ѓорче Петров и овие празници ќе можат да подготват празнични јадења за верниците кои ја посетуваат народната кујна. ЕВН Македонија донираше прехрамбени производи за топли оброци и пакетчиња со храна кои свештениците ќе ги споделат со верниците кои се во тешка здравствена состојба или живееат во далечните рурални средини во црковните општини.

evn-donacii-2

ЕВН Македонија со празничните донации го заокружува циклусот на донирање и соработка со верските заедници во текот на целата година. Деновите кои ни престојат се денови на празнувања и токму овие денови сите зедно се збираме на празничните трпези, па овие донации се добредојдени за социјално ранливите семејства да можат барем малку да го почуствуваат духот на празниците, рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Пакети со храна ЕВН донираше и за верниците на Исламската Верска Заедница. Во седиштето на ИВЗ во Скопје беа поделени дел од донациите кои за верниците се можност нивната празничната трпеза барем малку да биде збогатена во време кога се споделува љубов, добрина и разбирање. Пакети со храна ќе бидат поделени и во другите верски објекти на ИВЗ низ Македонија.

Мустафа Даути од Хуманитарната организација „Хилал“ при ИВЗ и Отец Ивица Тодоров парохиски свештеник за ЦО „Св. апостоли Петар и Павле“, изразија благодарност за соработката и донациите кои ЕВН ги реализира традиционално веќе 9 години. За верниците од социјално загрозените семејства, овие донации се добредојдени и се вистински подарок за претстојните празници.

Новогодишните донации ќе се заокружат со донација на топла облека на деца од социјaлно загрозени категории ширум Македонија. Во соработка со Црвениот крст, ЕВН Македонија ќе организира централен настан за доделување на новогодишните подароци во Скопје каде децата ќе можат да проследат 3Д анимиран филм и да се дружат со Дедо Марз.