Традиционални Велигденски средби во Горно Лисиче

Традиционални 28. велигденски средби под покровителство на општина Аеродром, ќе се одржат денеска во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче.

Велигденските средби, кои традиционално секоја година на Велигден ги организира Црковниот одбор на православниот храм, ќе почнат во 11 часот по завршувањето на Велигденската литургија во црквата.

На големиот народен собир со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а се очекува присуство и на голем број граѓани.