Традиционалниот „Илинденски марш“ тргнува за Крушево

Традиционалниот „Илинденски марш“ тргнува за Крушево денес попладне.

Коњаниците од традиционалниот „Илинденски марш“  од Горно Лисиче денеска попладне, од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, ќе го започнат  маршот кој ќе заврши на 2-ри август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Јохан Тарчуловски на „Илинденски марш“
Јохан Тарчуловски на „Илинденски марш“, фото: Република

Градоначалникот Коневски ќе го предаде општинското знаме

Традиционалниот 37-ми по ред „Илинденски марш“ официјално ќе стартува откако градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме.

И годинава маршот е во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Коњаниците придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

„Илинденски марш“ тргнува за Крушево – свечена литургија во црквата „Св. Петар и Павле“

Традиционалниот „Илинденски марш“ тргнува за Крушево, попладнево, а пред испраќањето на коњаниците од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево. Пред испраќањето на илинденците ќе се организира музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.

Во испраќањето на коњаниците кон Крушево, ќе се вклучи и Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.

 

Како одеа подготовките за годинешниот „Илинденски марш“ погледнете на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.