Традиционално собирање дабови дрва за бадниковиот оган

Во скопското село Црешево денеска ќе се одржи традиционалното собирање на дабови дрва за бадниковиот оган што се пали на 5 јануари.

Жителите на селото Црешово и населбите Тумба и Ченто заеднички ќе тргнат од црквата Св. Спас, а традиционалното берење дрва за бадниковиот оган ќе биде проследено со песни и ора. За оваа манифестација, здружението „Црешева чета“ ќе отстапи дел од своите коњи.

фото: МИА